Македонија

Кочо Анѓушев стана почесен конзул во новиот Конзулат на Малта во Македонија

Во Скопје денеска официјално е отворен Конзулат на Малта во Македонија и за почесен конзул на оваа островска држава е именуван поранешниот вицепремиер од владата на Заев, проф. д-р Кочо Анѓушев.

Анѓушев на должноста е именуван со указ на претседателот на Малта, Џорџ Вела на 5 октомври годинава, а именувањето е одобрено и од малтешката Влада. Соодветни одобрувања се дадени и од страна на македонската Влада.

Малта е држава лоцирана во средишниот дел од Средоземното Море, со годишен бруто домашен производ од над 39 илјади долари по глава на жител. Најразвиени сектори се банкарство, ИТ, како и туризмот. Најголем потенцијал за трговска размена со Малта се гледа во извоз на земјоделски производи од нашата држава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни