Македонија

Тешка сообраќајна несреќа кај Куманово – повреден малолетник

На 01.01.2022 околу 18.00 часот на регионален пат с.Слупчане – Граничен премин  Белановце, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(25) од с.Отља, кумановско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Опае, кумановско, констатирани во Општата болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни