Македонија

Меѓународен ден на браевото писмо и образование на лицата со попречен вид

Меѓународен ден на браевото писмо и образование на лицата со попречен вид

Образованието на лицата со оштетен вид (слепите) започнува да се развива кон крајот на 18 и во почетокот на 19 век, истото е инспирирано од неколку историски случки и личности. Најпрво Дени Дидро напишал есеј со наслов „Писмо за слепите за оние кои гледаат“, текстот бил плод и инспирација од способноста и успехот на неколку слепи лица, како што биле математичарот Саундрес и слепата пијанистка Марија Терезија фон Парадис. Идејата на Дени Дидро за образование на слепите ја продолжил Валентин Ај, кој при една средба со слеп питач, случајно забележал дека слепите лица со помош на прстите можат да разликуваат релјефни облици и на тој начин дошол до идеја за нивно образование и читање на релјефни букви. По долго учење и тренирање на еден слеп младинец на релјефни букви изрезбани на дрво, успеал да издејствува кај „Француската академија на науки“ да добие дозвола и подршка да образува слепи лица. Образованието на слепите лица било комплетирано со пронајдокот на Луј Брај, кој во 1825 година ја измислил релјефната шестоточка која била основа за креација на релјефното писмо (азбука) на слепите. Оттогаш ширум светот се отвараат голем број на  училишта за слепи лица.

Денес на место браевото  писмо кој е загарантирано со сите меѓународни документи е НЕВИДЛИВО во образовниот систем освен во ДУРДМОВ Димитар Влахов Скооје . Коалицијата Менуваме направи евалуација на системот кој има потврдено за да ИЛЈАДНИЦИ ЛИЦА не го знаат бравото писмо ради следните причини:
1 едно единствено училиште кој постои 67 години кој има произведено успешни кадри во сверата на Музиката, информатиката, глума, правници, физиоѕерапевти и еден од нај битните луге кој го има креирано матрицата за социјална заштита во Македонија кој денес нее мегу нас.   Е така тој храм денес е претворен во РЕСУРСЕН ЦЕНТАР што за тоа ги осудуваме Бобан Спасенцоски Директорот и Александра Календзиепроект менаџер ва мракот на ДУРДМОВ Димитар Влахов вон законот за средно стручно образование.
2 Институтот за Рехабилитатори не ги учи студентите кој треба да работат со слепи не ја изучуваат браевата азбука.
3 Децата со оштетен вид или слепи во редовните училишта кој се не го изучуваат браевото писмо бидејки нема кој да им го пренеси знаењето.
4 Никаде во институциите во Државата не е видливо браевото  писмо што е надвор од КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП и УСТАВОТ на Македонија.
Коалицијата Менуваме веке изнајде начин како ова право на лицата со попречен вид да им стане достапно согласно Агенда2030Не оставај никој зад себе  ВИДИМЕ е еден од водечките принципи на Агенда2030 и на Целите за одржлив развој. Во својот нов регионален проект,Коалицијата МЕНУВАМЕ  ќе работи на поттикнување на регионалното учење и размена на искуствата од достигнувањата од Агендата 2030,особено принципот Не оставај никој зад себе ВИДИМЕ, и ќе им помага на националните актери во   Македонија и Регионот  во дизајнирање и водење социјален дијалог за Целите за одржлив развој.
Иницијативата вклучува стратегија и методологија за задоволување на основните потреби за лицата со попречен вид, и обезбедување на услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, како на локално така и на национално ниво.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни