Македонија

Ахмети им го честита Божиќ на христијанските верници

По повод христијанскиот празник Божиќ, претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка до сите верници, со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех.

– Божиќ е празник на надежта и вербата за нов почеток на животот и во овој дух, славејќи заедно за да ја обновиме вербата и посветеноста на општото добро на животот за сите наши граѓани, правејќи го секој од нас уште подобар и покорисен за нашето општество, вели Ахмети во честитката.

Посакувам, пишува Ахмети, овој празник да го поминете среќно со вашето семејството и посакувам да поминете среќни моменти со вашите најблиски.

– Заедничките празници и цели за подобар, подуховен, побожен живот, нè зближуваат еден со друг и нè прават попосветени на заедничките вредности, се вели во честитката на претседателот на ДУИ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни