Прекин во водоснабдување од 8:30 часот ќе имаат корисниците од улицата „Његошева“ во Општина Карпош.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1 на улицата „Његошева“ бр.7.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.