Македонија

Запалено службено возило на Државна лотарија што го користел заменик-директорот Ахмет Мифтари

Запалено службено возило на Државна лотарија што го користел заменик-директорот Ахмет Мифтари

Пожар ноќеска зафатил службено возило на Државна лотарија на Македонија, кое го користел заменик-генералниот директор Ахмет Мифтари. Случајот бил пријавен по полноќ во Скопје, а полицијата презема мерки за утврдување на причините за пожарот.

Како што објавува „Фокус“, станува збор за патничко возило „бејџинг бејч“, сопственост на Државна лотарија на Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ потврдиле дека пожарот бил пријавен во 2:12 часот на улицата „Крсте Асенов“ во Скопје.

На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, која го изгаснала пожарот.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот, а засега нема дополнителни информации за причините за избувнувањето на пожарот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни