Македонија

Тешка несреќа во Скопје – загина 40-годишен возач

На 13.01.2022 во 18.50 часот било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“, Г.А.(40) од с.Стајковци, кој управувал патничко  возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни