Движењето БЕСА денеска испрати соопштение во кое велат дека новата Влада нема политички легитимитет за владеење.
„Очекувано, новата влада во претставувањето на програмата докажува дека нема ниту политички капацитет ниту изборен легитимитет да ја води државата. Во време на политички, економски, социјални и образовни предизвици, наместо да понуди решенија за суштински проблеми, новиот премиер ја разоткрива идејата за декриминализација на канабисот и празната политичка реторика која не гарантира сигурна иднина на земјата“, велат од таму.
Тие додаваат дека сите забелешки што периодов ги дало Движењето БЕСА се докажани како точни, затоа најдобро решение за излез од кризата што ја предизвикува ова владата се предвремените парламентарни избори.
„Извртувањето на политичката волја, пазарењето со купопродажбата на пратеничките мандати ја делегитимираа оваа власт затоа единствен излез од целата оваа состојба се прави само со враќање на мандатот на народот.Движењето БЕСА ќе ги искористи сите демократски механизми за дополнително да го прикаже видтинското лице на ова нелегитимна, недемократска власт која е изградена на интерес на пазарење со купопродажба на пратеници, а не на политички принципи кои треба да ги има една влада“, велат од Беса.