Поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави фотографии од примопредавањето на функцијата на новиот министер за здравство д-р Беким Сали.
„Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите“, напиша Филипче.