Македонија

Дел од населбата Аеродром без струја

Дел од корисниците од улиците „Пандил Шишков“ и „Коста Новаковиќ“,  како и од улицата „Трета македонска бригада“ во близина на крстосницата со улицата „Коста Новаковиќ“, во општина Аеродром, од 9:00–15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивниот систем од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни