Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните и североисточните планински региони ќе има појава на локален снег.
Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени и помалку, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.