На годишната церемонија “Достојни Бугари” премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски му врачи наградата на пожарникар кој летоска гаснеше пожари на истокот од Македонија, јавува ТВ21.
На церемонијата пристуствуваа заедно со премиерот на Бугарија Кирил Петков.
Во пожарите што летото ја зафатија земјава изгореле 482 106 метри кубни дрва, а штетата е 2 318 091 000 денари. Во периодот од јуни до септември годинава, во земјава имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11 420 хектари површината под шума.