Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Македонија

Тензии, остри реплики и обвинувања – надзорната расправа за Алта банка отвори нови прашања за институционалната одговорност

Тензии, остри реплики и обвинувања – надзорната расправа за Алта банка отвори нови прашања за институционалната одговорност

Во тензична атмосфера, со остри реплики меѓу власта и опозицијата, продолжи надзорната расправа за Алта банка во Собранието, на која прва во својство на сведок се појави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Шефицата на државата ги отфрли сомневањата за политичко влијание при предлагањето на Трајко Славески за гувернер на Народната банка, нагласувајќи дека одлуката ја донела самостојно, врз основа на неговите професионални и академски квалификации.

Таа посочи дека уставното право да предложи кандидат за гувернер не подразбира и надлежност да го контролира неговото работење.

Атмосферата во собраниската сала дополнително се вжешти откако опозициските пратеници го отворија прашањето за критериумите при изборот на Славески и евентуалното политичко влијание врз неговото именување.

Сиљановска-Давкова возврати дека предмет на надзорната расправа се причините за воведување администрација во Алта банка и постапувањето на Народната банка, а не разрешувањето на гувернерот.

Од опозицијата порачаа дека ниту претседателот на државата не може да се однесува како тутор над Собранието, додека пратениците од владејачкото мнозинство го отворија прашањето за границата меѓу парламентарниот надзор и политичкото влијание врз независните институции.

На расправата сведочеше и поранешниот мнозински акционер на Еуростандард банка, Трифун Костовски, кој побара одговор за различниот институционален третман на двете банки.

„Ако администрацијата денес е законски инструмент со кој на Алта банка ѝ се дава време и можност за стабилизација, зошто истиот инструмент не беше применет за Еуростандард банка во 2020 година?“, праша Костовски.

На вториот ден од надзорната расправа не се појавија дел од повиканите сведоци, меѓу кои поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска и поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Зошто политичарите ги отвораат вестите, а проблемите на граѓаните остануваат во втор план?

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни