Одамна е познато дека музиката има лековито дејство. Помага во ослободувањето на хормоните на среќата како окситоцин, допамин, серотонин и ендорфин.
Новото истражување сугерира дека музиката може да ја олесни транзицијата кон менопауза кај жените.
Студијата објавена во списанието „Менопауза“ покажа дека музичката терапија може да го подобри нивото на депресија кај жените и симптомите на менопауза како што се топли бранови, тешкотии со спиењето и сексуална дисфункција.
Студијата опфати 48 жени во постменопауза (просечната возраст на почетокот на менопаузата е околу 52 години), кои беа поделени во две групи. Во првата група, музика се пушташе секој ден шест недели. Втората група беше контролна.
Студијата покажа дека слушањето музика не само што ја намалува депресијата кај жените, туку ги намалува и симптомите на менопауза. Ова сугерира дека музиката може да се користи како нефармаколошка терапевтска опција во менопаузата.
Во моментов, повеќето студии се фокусираат на други видови на алтернативни третмани за симптоми – како што се хипноза, когнитивно-бихејвиорални терапии, медитација.
„Оваа мала студија ги истакнува корисните ефекти на лесната за употреба, евтина, ниско-технолошка и нискоризична терапија за менопауза, која има особено силен ефект врз расположението“, рече д-р Стефани Фобион.