Македонија

26 лица ја изгубија битката со ковид-19 – 7 од нив целосно вакцинирани

Министерството за здравство информираше дека во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица:

  • 5 починати лица од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г)
  • 2 починати од Битола (74г и 85г)
  • 2 починати од Велес (68г и 93г)
  • 2 починати од Куманово ( 78г и 82г )
  • 2 починати од Свети Николе ( 52г и 78г)
  • Едно починато лице од Кавадарци (57г)
  • Едно починато лице од Кичево (65г)
  • Едно починато лице од Македонски Брод (60г)
  • Едно починато лице од Неготино (73г)
  • Едно починато лице од Охрид (65г)
  • Едно починато лице од Прилеп  (82г)
  • Едно починато лице од Радовиш (81г)
  • Едно починато лице од Ресен (63г)
  • Едно починато лице од Струга (83г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица од: Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г.

Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022г. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26),  седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.773.325 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 265.101, бројот на оздравени пациенти е 239.581, на починати е 8.338, а бројот на активни случаи изнесува 17.182.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни