81-годишен пешак е тешко повреден откако автомобил управуван од 98-годишен возач го удрил на пешачка патека во близина на хрватскиот град Лабин, јави БТА. Инцидентот се случил нешто пред 9 часот.
98-годишниот возач не успеал да застане на пешачка патека и удрил во 81-годишниот пешак. Повредениот бил пренесен во болница во градот Пула, каде останал на лекување. Возачот е обвинет за предизвикување сообраќајна незгода.
Полицијата појасни дека возачката дозвола на 98-годишниот возач е валидна.