Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години, а кариерата ја започна на телевизија Студио Б. Со Вучиќ имаше две деца.
Претседателот на Србија , Александар Вучиќ , на својот Инстаграм објави дека неговата прва сопруга Ксенија Вучиќ ненадејно починала.
– Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга. Подоцна ќе ги информираме семејството и пријателите за местото и датумот на погребот – напиша накратко Вучиќ.
Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години, а кариерата ја започна во телевизијата Студио Б, пишува Нова.рс. Засега не е позната причината за смртта.