Коронавирусот сè уште не е потврден само во четири од 193 земји кои се полноправни членки на Обединетите нации, а според Светската здравствена организација (СЗО), заразени има на сите континенти освен на Антарктикот.
Последната земја во која е регистриран Ковид-19 е пацифичкиот остров Кирибати, еден од најизолираните на планетата, оддалечен околу 4.800 километри од Австралија.
Најголемата држава во која, барем официјално, не е потврден ниту еден случај на коронавирус е Северна Кореја. Иако имаше наводи дека оваа земја намерно не пријавува заболени, но и шпекулации дека властите ги убиваат заразените – во официјалните евиденции стои дека нема случаи на ковид-19 таму.
Туркменистан е втората азиска земја која не потврди присуство на коронавирус, иако се граничи со Иран, каде што се регистрирани повеќе од 6,3 милиони луѓе од почетокот на пандемијата, како и со Казахстан, кој има околу 1,2 милиони случаи.
Останатите две земји каде коронавирусот не е потврден се во Океанија, а најмалата од четирите земји без коронавирус е Науру, а другата Тувалу.