Балкан

Омикрон не е лесен како „мачкина кашлица“

Докторката Марија Здравковиќ, од клиничкиот центар Бежаниска коса, изјави дека веќе се преполни болничките капацитети и тоа со пациенти заразени со омикрон. 

Таа за РТС вели дека омикрон не е едноставна и лесна мутација како што се прогнозираше на самиот почеток и дека на интензивна нега веќе лежат пациенти на кои двете белодробни крила им се зафатени со пневмонија. 

Луѓето првичните информации ги земаа здраво за готово и мислеа дека со заразување со омикрон, нема да имаат последици, но во Србија, последните две недели бројот на хоспитализации е во постојан пораст. 

Д-р Здравковиќ изјавила дека се надева дека болниците ќе можат да ги згрижат сите пациенти и дека сепак нема да имаат многу комплицирани клинички симптоми. Според докторката, оваа мутација е далеку од лесна како „мачкина кашлица“.

Секој ден, околу 350-400 пациенти се упатени во оваа клиника, која е најголем секундарен тријажен центар во Белград. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни