Македонија

Врнежи од снег низ Македонија – забрана за ТТВ на неколку патни правци

На 01.02.2022 година во 06:20 часот на потегот Маврово-Дебар и обратно, поради обилни врнежи на снег, воведена е забрана за движење на ТМВ.

Од 7:45 часот се воведува забрана за сообраќај на ТМВ на патниот правец Струга-Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег врне во западниот дел на Републиката.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни