Живот

Денеска е Пренос на моштите на св. Јован Златоуст

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 јануари.

Денес посредно се спомнува еден од најголемите беседници на Христовата Црква свети Јован, наречен Златоуст, во врска со пренесувањето на неговите мошти од Комана (местото каде се упокои) во Цариград (неговата епископска катедра од која беше протеран). Тоа стана 30-тина години по неговата смрт, во 438 година. Моштите му беа положени во црквата Свети Апостоли. За време на Латинската империја во Цариград, моштите се однесени во Рим, во катедралата Свети Петар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни