Свет

Петгодишното момче падна во бунар од 32 метри – асот на Барселона се моли за него

Петгодишното момче падна во бунар од 32 метри – асот на Барселона се моли за него

Во Мароко веќе четири дена трае акцијата за спасување на момче од бунар длабок 32 метри во Таморот, на околу стотина километри од градот Шефшуен.

Случајот го привлече вниманието на милиони луѓе ширум светот, поради што во него се „вмеша“ и фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле.

Момчето кое е спорно во Каталонија поради честите повреди и односот кон клубот, нарекувајќи го промашена инвестиција, овојпат ја покажа својата подобра страна.

Тој на социјалните мрежи испрати порака за поддршка „Молете се за Рајан“, што предизвика лавина реакции, додека илјадници луѓе се на лице место.

Денеска е објавено дека спасувачите се на само два метри од момчето, но се стравува дека се ќе пропадне.

Затоа операцијата е уште поопасна, а акцијата за спасување трае без прекин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни