Традиционалните очекувања дека Нова Година може да направи некаков позитивен пресврт и да донесе подобар живот, продолжуваат да ја крепат надежта на граѓаните и на преминот од 2018 кон 2019 година. За камерата на ТВ 21 ги споделија своите желби.
Скромно и во домашни услови. Вака голем дел од македонските граѓани ќе ја дочекаат 2019 година.
Оние што ќе решат новогодишната ноќ да ја поминат во ресторан, ќе мораат да издвојат најмалку 2.000 денари. За новогодишна забава во кафулињата, треба да се издвојат најмалку 1.500 денари. Слична е понудата и во ноќните клубови. Новогодишниот пречек на градскиот плоштад, секако, е најевтината варијанта, бидејќи граѓаните ќе мораат да го платат само она што ќе го испијат или консумираат.
РЕПОРТЕР: ДАНЧЕ АЗМАНОВА