Македонија

Променливо облачно време со повремени сончеви периоди – од утре пад на температурите и снег на планините

Променливо облачно време со повремени сончеви периоди – од утре пад на температурите и снег на планините

Променливо облачно време со повремени сончеви периоди ќе преовладува во текот на денот, додека во вечерните и ноќните часови се очекуваат врнежи од дожд, претежно во западните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој во попладневните часови на одредени места повремено ќе се засилува.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер.

Во наредните денови се очекува постепено заладување, проследено со повремени врнежи од дожд. Нестабилно време се најавува за недела навечер и во понеделник, кога под влијание на продор на постудена воздушна маса од север ќе започне позначително опаѓање на температурите.

Во понеделник попладне, со дополнителното заладување, дождот на планините постепено ќе преминува во снег, што ќе донесе зимски услови на повисоките места.

По краткотрајно стабилизирање на временските услови, нов бран врнежи од дожд се очекува во четврток и петок.

Метеоролошките прогнози укажуваат на период на променливо и постудено време, со чести промени на облачноста, повремени врнежи и постепено намалување на дневните температури.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни