Живот

МЕСЕЦОТ ВО КОЈ СТЕ РОДЕНИ ОТКРИВА СЕ ЗА ВАС: Еве кога се раѓаат лидерите, оптимистите и најсилните!

Вашиот датум на раѓање може да се толкува на многу начини.

А за астролозите и нумеролозите месецот во кој сте родени има посебно значење.

Порано животот се организирал според природни циклуси и лунарни промени и затоа месецот на раѓање е многу важен како показател за нашиот карактер и карактеристики.

Јануари

Во јануари владее античката или старата месечина. Вие сте роден лидер кој има јасна визија пред себе и точно знае што сака. Сакате стабилност и сигурност, вашето семејство е на прво место.

Февруари

Февруарскиот снежен месец се нарекува и месец на гладни поради недостаток на храна во последниот месец од зимата. Вие сте скромни и благородни, сакате да им помагате на другите луѓе да започнат одново и да ја преболат болката од минатото.

Март

Овој месец го означува почетокот на пролетта и будењето на земјата. Имате високи цели и голема желба за создавање. Ништо не ви е тешко, полни сте со енергија.

Април

Месецот април е под покровителство на Венера. Родените во овој месец се водени од љубовта и се што прават, го прават со срце. Сакаат романса.

Мај

Мај се смета за еден од најубавите месеци бидејќи е полн со живот и радост благодарение на цвеќињата кои цветаат и мирисаат насекаде околу нас. Така сте и вие, весели, оптимисти, кои зрачите со енергија.

Јуни

Јуни е богат и плоден месец во кој се берат зрели плодови. Родените во јуни се вредни, способни се да направат се за да постигнат просперитет.

Јули

Јули е време на просперитет, но нема многу места за сонување, но веќе се размислува за есен. Родените во јули знаат да одржуваат рамнотежа помеѓу должноста и задоволството.

Август

Во август поради жештините често месечината добива црвеникава нијанса, па затоа август се нарекува и црвен. Ако сте родени овој месец, знаете како да работите со други луѓе и да имате блиска врска со природата.

Септември

Првиот месец од есента е време на жетва и плоден месец. Родените овој месец имаат развиена интуиција која ги води на вистинскиот пат до она што го сакаат.

Октомври

Октомври е месец на лов во многу древни култури, поради што октомври понекогаш се нарекува и крвав месец. Ако сте родени во октомври, имате силни животински инстинкти, импулсивни сте и страсни. Животот ви дава изобилство.

Ноември

Деновите стануваат се пократки и темниот месец ноември не подготвува да поминеме повеќе време во затворени простории. Темнината го крие вашиот вистински потенцијал, што е одлично. Имате мисија да завршите некоја недовршена работа на предците.

Декември

Почетокот на зимата е означен со појавата на дабовата месечина. Ако сте родени овој месец, имате сила, а ако ја искористите на вистински начин, ќе ви помогне да ги преживеете сите тешкотии на кои ќе наидете.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни