Македонија

Долгогодишна традиција во Дебар Маало, со песни и ора избран новиот кум

Топла ракија и закуска. Вака почна првиот ден од 2019 година во скопско Дебар Маало. Жителите не се откажуваат од традицијата која трае со генерации. Според обичајот, во 12 часот се дели погачата, а стариот кум му ја предава „титулата“ кум на новиот избраник, кој ќе треба в година да ја организира прославата. Досегашниот кум, Нестор Алексиевски, му честиташе на новиот кум, и изрази надеж дека и другата година сите ќе се соберат на едно место.

Откако беше избран, новиот кум со знаме го предводеше традиционалното оро по улиците на Дебар Маало.

Некои жители велат дека 1 јануари во Идадија се слави уште од 1928 година.

Репортер: Африм Јонузи

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни