Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За 3 години, се случија 3 несреќи каде животот го загубија 75 луѓе, а власта не расветли ниту еден случај

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвинува дека за три години, се случиле 3 големи несреќи каде животот го изгубиле 75 лица, додека пак власта не расветлила ниту еден случај, односно нема никаква политичка одговорност, ниту кривична одговорност, а вината се префрла на погинатите затоа што тие не може да зборат.

„За три години, се случија 3 големи несреќи каде животот го загубија 75 луѓе, а власта не расветли ниту еден случај, и за ниту еден нема политичка и вистинска кривична одговорност. Пред три години во автобуската несреќа загинаа 16 наши сограѓани. Минатата година во Тетово живи изгореа 14 наши сограѓани во модуларната болница за кои СДСМ, Филипче и ДУИ не убедуваа дека е поради прегреан кабел. Пред неколку месеци 45 лица загинаа во автобуската несреќа во Бугарија која се случи преку компанијата милениче на ДУИ и СДСМ Беса Транс која работела без потребните дозволи и  незапазувајќи ги процедурите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Несреќата во Ласкарци е доказ дека системот не функционира и дека нема спроведување на правдата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни