„Средбите со политичките партии се нормални, кога ќе има теми за кои што ќе треба да се разговара, тогаш нормално тие ќе се случат“, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител.
На дополните прашање од новинарот дали во моментов нема теми, за да може да се реализира таква средба, Ковачевски додаде:
„Па сигурно има, но кога ќе се случи таква средба јавност ќе биде информирана“, додаде Ковачевски.