Македонија

Граѓаните од Штип да не ја користат водата за пиење и готвење

Штипјани и денеска да не ја користат вода за пиење и готвење.

Водата од системот за водоснабдување е само за техничка употреба.

Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков за МИА вели дека веќе втори ден експертите од Словенија работат на подесување на двата система за водоснабдување.

Штип ќе може да се снабдува со вода за пиење од бунарскиот систем и од хидросистемот „Злетовица“.

Здравков закажа прес-конференција во 12 часот на која подетално ќе објасни за каква процедура станува збор, околу прилагодувањето на филтер станицата во која е инсталирана современа опрема за ултра филтрација од над пет милиони евра.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни