Движењето БЕСА денеска преку соопштение до медиумите истакнаа дека го поддржуваат протестот на Движењето „Антикоцкање“.
„Движење Беса секогаш им даваше поддршка на протестите кои беа против негативните појави во општеството, така и овојпат го продолжуваме континуитетот на политичките ставови со поддршка на протестот на Движењето „Антикоцкање“, која е против отворање на казино во близина на едно училиште во Тетово. Апелираме и до сите граѓани да излезат на овој протест со разумност и смиреност за борба против негативните појави во нашето општество. Да излеземе сите без партиски одлики да ги отстраниме казината и другите игри на среќа од околината на училиштата и да ги поставиме што подалеку од населените места“, велат од Беса.