„Ја осудувам одлуката на рускиот претседател да ги признае Доњецк и Луганск како независни републики. Ние продолжуваме да го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, со нејзините меѓународно признати граници.
Ова го напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на својот Твитер профил како коментар на изјавата на Владимир Путин.
„Меѓународното право мора да се почитува. Ние Европејците ќе продолжиме да зборуваме со еден глас во негова одбрана“, напиша Петков.
Признавањето на сепаратистичките републики Луганск и Доњецк е грубо кршење на меѓународното право и ја поткопува европската безбедност.
Ова се наведува во ставот на министерот за надворешни работи, објавен на Твитер.
Ваквата ескалација бара единствен и решителен одговор, додаваат од МНР.