Денеска, околу 15.30ч при изведување на тековни активности од страна на надворешна фирма во кругот на Железара, оштетен е 6 kv среднонапонски кабел на АД ЕСМ, Подружница Енергетика.
Причина за испад e 6kv среднонапонски кабел на трафостаница која ги напојува пумпите за дистрибуција на топлинска енергија.
Системот за електрична енергија е оспособен и активно се работи на оспособување и на топловодниот систем и целосно нормализирање на состојбата.