Македонија

Сали: Наоѓање можности за просторно проширување, санирање и зајакнување на капацитетот на болницата во Тетово

Сали: Наоѓање можности за просторно проширување, санирање и зајакнување на капацитетот на болницата во Тетово

Наоѓање можности за просторно проширување, санирање и зајакнување на капацитетот на Клиничката болница во Тетово, како и за проширување на медицинскиот тим за задоволување на здравствените потреби на населението од овој регион, биле тема на средбата на министерот за здравство Беким Сали со директорот на болницата, Амир Елези, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, како и со економскиот директор на болницата, Арменд Фазлиу.

На средбата, како што посочува Сали во објава на неговиот фејсбук профил, се разговараше и за реорганизација на медицинскиот персонал, со цел зголемување на нивната ефикасност во обезбедувањето здравствени услуги.

– Тетово и воопшто полошкиот регион заслужуваат достоинствена Клиничка болница, што ги исполнува сите современи здравствени стандарди, напиша Сали.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни