Македонија

Каква реакција од НАТО може да се очекува по нападот на Русија врз Украина?

Методи Хаџи-Јанев, професор на Воената академија во Скопје беше гостин во вечерашното продолжено издание на „Клик Плус“ во ТВ21 каде говоревме за нападот на Русија врз Украина.

На прашањето каква реакција од НАТО може да се очекува по денешната агресија на Русија, Хаџи-Јанев одговори:

„Она што го слушнавме од Бајден и Столтенберг, дека немаат намера да интервенираат во Украина, но дека ќе ги сменат структурите на границите спрема НАТО, осигурувајќи ги источните членки, затоа што според мене она кое ќе се случува во Украина ќе има смена на режимот, барем според она што го најави Путин“, изјави Хаџи-Јанев.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни