Свет

Белгија ја затвора својата амбасада во Киев

Белгија ја затвора својата амбасада во Киев

Белгиското Министерство за надворешни работи соопшти дека привремено ја затвори амбасадата во Киев, главниот град на Украина, поради украинско-руската војна.

„Поради променливата безбедносна ситуација, одлучено е да се затвори белгиската амбасада во Киев. Ќе продолжиме да обезбедуваме конзуларна помош за Белгијците кои се уште се во Украина“, се вели во соопштението на Министерството.

Претставници на Министерството известија дека персоналот на белгиската амбасада во Киев ја напуштил Украина.

Наведено е дека дел од надлежностите на амбасадата во Киев ги презела белгиската амбасада во Варшава.

Беше наведено дека конзуларните услуги ќе вршат белгиските конзулати во Полска, Словачка, Романија и Молдавија, кои се соседи на Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни