Ербас, со седиште во Европа, објави дека го суспендирал испраќањето резервни делови во Русија и поддршката на руските авиокомпании по санкциите наметнати на Русија поради нејзиниот напад врз Украина.
Ербас во соопштението рече дека исто така проценува дали техничкиот центар во Москва ќе може да ги опслужува локалните клиенти под западните санкции.
Ербас во соопштението истакна дека американскиот производител на авиони Боинг ги суспендирал деловите, одржувањето и техничката поддршка на руските авиокомпании, како и големите операции во Москва, бидејќи санкциите воведени по рускиот напад врз Украина предизвикаа нестабилност во глобалната воздухопловна индустрија.