Магазин Свет

Илјадници нападнаа млада Русинка поради Украина: „Тргни се од лицето на земјата“

Илјадници нападнаа млада Русинка поради Украина: „Тргни се од лицето на земјата“

Инстаграм-профилот на Луиза Розова, чие вистинско име е наводно Елизавета Кривоногих, е преплавен со илјадници коментари за војната во Украина, а под фотографиите и се закануваат и пишуваат со тешки навреди. Иако од октомври минатата година ништо не е објавено на профилот, илјадници гневни корисници на Инстаграм оставаат коментари под сликите на Луиз, а приказната стигна и до светските медиуми.

18-годишната Русинка наводно е вонбрачна ќерка на Владимир Путин, која тој никогаш не ја препознал. Луиза Розова, односно Елизавета Кривоногих е ќерка на Светлана Кривоногих (45), која, како што се наведува, работела како чистачка, а денес е косопственик на голема руска банка. Иако во руските медиуми е строго забрането да се шпекулира за сопругите, љубовниците и децата на Путин, добар дел од светот слушна за приказната за наводната афера на Путин со Светлана и раѓањето на ќерката.

Бидејќи таа би можела да биде единствениот член од семејството на Путин, односно неговата единствена роднина која е јавно присутна во медиумите, Луиз деновиве ги добива најстрашните пораки од сите делови на светот.

„Одиш ли во војна?“, „Како не ти е срам да трошиш крвави пари“, „Кажи му на тато да му се придружи на другарот во пеколот“, „Јадеш во убави ресторани додека татко ти убива деца во Украина“, „Следи се лицето на земјата, и ти и твоето семејство“, се само дел од коментарите што младата девојка ги чита овие денови.

Некои фанови застанаа во нејзина одбрана, предупредувајќи дека не може да се обвинува за настаните во Украина и дека претерува со навреди.

Повеќе од 90.000 луѓе ја следат наводната ќерка на Путин на Инстаграм. Не крие дека ужива во луксуз, фини ресторани, шопинг и патувања. Многумина се сомневаат дека и е забрането да објавува на Инстаграм, бидејќи пет месеци не објавувала на него.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни