Седејќи на импровизиран кревет во мрачен подземен коридор, бремената Алена Шинкар чита книга обидувајќи се да се смири.
Алена: Ова што се случува е страшно
Украинката е во киевското породилиште и чека породување, но во градот под опсада на ракети и гранати нервите и се на работ.
„Не би требало да бидам под стрес во моментов и се обидувам да се смирам себеси, но ова што се случува е страшно“, изјави таа за Ројтерс.
„Живееме во вистински пекол. Никогаш не замислував дека е можно вакво нешто во 21 век.“ – вели Алена.
Директор на болницата: Некои раѓања може да започнат во одделението и да завршат во засолништето
До неа е една жена која штотуку се породила со царски рез и веднаш била пренесена во подземен коридор кога почнала бомбардирањето. Ходникот е полн со млади мајки со новороденчиња во раце. Јула, која на 28 февруари роди син, ги пофали вработените во болницата.
„Ние сме безбедни овде. Лекарите и медицинските сестри се најдобри во светот и ние сме многу горди на нив.“ – вели Јула.
Директорот Дмитриј Говсеев вели дека повеќето вработени не го напуштиле породилното одделение од почетокот на инвазијата.
„Околу 70 отсто од персоналот е постојано тука. Тие работат во смени. Единствената разлика е во тоа што породувањата што траат подолго можат да започнат во одделението и да завршат во прифатилиштето.“ – изјави Говсеев.
Алена: Слушнав експлозија и женски врисоци
Алена се сеќава на почетокот на нападот. Пред инвазијата била во породилиште за да ја задржи бременоста.
“Се разбудив во пет наутро поради ракета. Слушнав експлозија и врескање на жени. Така почна. И не можев да верувам. Мислев дека е кошмар, но не е, тоа е наше животот сега“, рече таа.
„Се надевам дека оваа ќе живее во мир“, рече таа, галејќи го стомакот.