Илјадници граѓани на Калифорнија останаа без електрична енергија по невремето кое го зафати северниот дел на земјата. Елекрични столбови беа урнати од силниот ветар и предизвикаа привремена блокада на патиштата.
Поради силниот ветер и соборените дрвја, околу 90.000 жители на Сакраменто останаа без струја во неделата навечер, додека населението во Орегон и Вашингтон и натаму нема електрична енергија.
Силниот ветер, дожд и снег предизвикаа проблеми во авио-сообраќајот на аеродромот во Сан Франциско.
