Украинскиот претседател Зеленски изјави дека рускиот напад на нуклеарната централа Запорожје можел да предизвика уништување еднакво на „шест Чернобили“.
Тој го започна телевизиското обраќање со: „Народе Украина! Ја преживеавме ноќта што можеше да го запре текот на историјата – историја на Украина, историја на Европа“.
Тој рече дека Русија знаела што прави кога гаѓала директно кон станицата и тоа го нарече чин на „терор на нечуено ниво“.
Обраќајќи им се на рускиот народ, тој вели: „Како е тоа воопшто можно? Зарем не се боревме заедно со последиците од катастрофата во Чернобил во 1986 година?
Тој ги повикува „да излезат на улица и да ѝ кажат на вашата влада дека сакате да живеете“.
Зеленски вели дека е во контакт со светските лидери, за кои рече дека се „шокирани“ од случувањата околу централата.
Тој исто така повикува на зона на забранети летови над Украина и санкции против „нуклеарната терористичка држава“. „Радијацијата не знае каде е Русија. Радијацијата не знае за границите на вашата земја“.