Свет

Руската војска влезе во Миколаев

Руската војска влезе во Миколаев

Градоначалникот на градот Миколаев на југот на Украина објави дека регионот е заземен од руските војски.

ОН формираа комисија против кршење на човековите права во Украина

Советот за човекови права на ОН со големо мнозинство гласаше за отворање истрага на високо ниво за прекршувањата извршени по рускиот напад врз Украина.

32 члена на 47-члениот совет гласаа за покренување на највисока можна истрага за наводните прекршувања, со цел сторителите да се повикаат на одговорност.

Советот за човекови права на ОН ја усвои нацрт-резолуцијата за формирање независна истражна комисија која ќе ја осуди Русија и ќе ги истражи сите прекршувања на човековите права во Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни