Војната во Украина ќе предизвика повеќе смртни случаи и уништувања во наредните денови, изјави во петокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повикувајќи го рускиот претседател Владимир Путин да ги повлече сите војници од Украина без услови.
„Деновите што доаѓаат веројатно ќе бидат полоши, со повеќе смртни случаи, повеќе страдања и повеќе уништувања“, изјави Столтенберг за новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го повика Путин веднаш да ја прекине војната во Украина и безусловно да ги повлече сите сили од Украина.
Столтенберг, исто така, предупреди дека смртта и уништувањето во Украина најверојатно ќе се влошат во наредните денови.