Свет

Русија користи касетни бомби во Украина – НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека има докази дека Русија користи касетни бомби во својата инвазија.

На прес-конференција, тој им рече на новинарите: „ Видовме употреба на касетни бомби и видовме извештаи за употреба на други видови оружје што би било во спротивност со меѓународното право.

Тој, исто така, вели дека западната воена алијанса нема да воспостави зона забранета за летови над Украина, ниту да испрати свои војници таму, но ветува друга помош за Киев и го повика претседателот Владимир Путин веднаш да ја прекине инвазијата.

Фото: Илустрација

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни