Македонија

Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот врз украинската нуклеарна централа

Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот врз украинската нуклеарна централа

По нападот на нуклеарна централа во Украина од страна на руски војници, Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итен состанок во петок во 11:30 часот по средноевропско време во Њујорк, според тројца дипломати на ОН.

Руските војници ја окупираа нуклеарната централа Запорожје – најголемата во Европа – каде пожарот што се закануваше со потенцијална катастрофа беше изгаснат во раните утрински часови во петокот, според украинскиот нуклеарен регулатор.

Тоа ќе биде отворен состанок со говори, вклучително и од официјален претставник на Меѓународната агенција за атомска енергија и претставник на ОН.

Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство изјавија дека сакаат да имаат итен состанок по нападот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни