Свет

Русија го блокира пристапот до Фејсбук

Русија го блокираше пристапот до Фејсбук, соопшти државниот интернет регулатор Роскомнадзор.

Причината е ограничувањето на руските медиуми од платформата.

Според регулаторот, имало 26 случаи на дискриминација на руски медиуми од страна на Фејсбук од октомври 2020 година.

Примерите вклучуваат ограничен пристап на Фејсбук до телевизиските канали поддржани од Русија, како што се Раша Тудеј и руската РИА Новости.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни