Со мартовската пензија на први април пензионерите ќе добијат 1000 денари плус на својата сметка. Ова ќе важи и за месеците мај и јуни. Станува збор за финансиска помош од државата за справување со економска криза предизвикана од ковид и актуелните случувања во Украина. Освен дополнителниот приход од 3000 денари за следните 3 месеци, ќе растат и пензиите. Пензионерите успеаа да им ги наметнат своите предлози на владините претставници, а со кои бараа да се промени модлеот на пресметка. Според новата формула пензиите ќе се зголемат за околу 5,5 проценти.
Опозизијата ќе го поддржи предлогот во Собранието, но напоменува дека во изминатите 5 години СДСМ им ги земале парите на пензионерите кои им следувале, откако го укинале едниот параметар кога дошле на власт.
ВМРО-ДПМНЕ претходно достави предлог за 20 процентно покачување на пензиите што не беше прифатен. Од партијата веројатно ќе поднесат амандмани на новото законско решение.
Сител