Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека на владината седница денеска биле усвоени вкупно 26 мерки и препораки за справување со економската криза предизвикана од војната во Украина.
- Намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за исхрана од 5% на 0%
- Замрзнување на маржите на основните производи за исхрана
- Ваучери за основни производи од по 1000 денари за три месеци за 35.000 граѓани од најранливите категории
- Автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји
- Продолжување на примената на повластената даночна стапка од 5% за прометот со електрична енергија кон домаќинствата
- Препорака за менување на методологијата за утврдување на цена за домаќинствата и мали потрошувачи кои се на регулираниот пазар за електрична енергија
- Продолжување на програмата за енергетската сиромаштија
- Субвенции за пензионерите од 1000 денари за 3 месеци
- Продолжување на субвенционирањето на цената на електричната енергија за регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи)
- Субвенционирање на цената на топлинската енергија
- Финансирање на проектите за енергетска ефикасност за општините преку користење на поволен кредит од Светска банка спроведен од Министерството за финансии
- Програма за промоција на обновливите извори на енергија во домаќинствата за 2022 година
- Препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите врз основа на промената на берзанските цени од неделна на дневна основа
- Пролонгирање на воведувањето на еколошка такса за енергенси
- Намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин , гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан
- Намалување на акциза врз основа на берзанските стапки
- Ослободување на плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување
- Препорака за општините да го реорганизираат јавниот превоз за да биде достапен во корист на сите граѓани
- Субвенционирање на договорна каматна стапка по кредити дадени од комерцијалните банки на деловни субјекти кои ја реинвестираат добивката за 2021 година
- Финансиска поддршка преку директно кредитирање од РБСМ на компаниите
- Финансиска поддршка преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства
- Користење на Гарантниот фонд преку РБСМ
- Кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
- Нова линија за поддршка на стопанството преку EIB за зелена транзиција
- Зелено финансирање преку ЕБОР, Програма на ОН за развој, комерцијални банки
- Препорака за штедење и рационално користење на електричната енергија и енергенси