Бомбите повторно паѓаат врз домовите во пристанишниот град Мариупол, се вели во објава на Телеграма од градскиот совет, пренесува Би-Би-Си.
Хуманитарниот конвој кој се обидуваше да стигне до југоисточниот град, исто така, мораше да се врати назад поради борбите, се вели во објавата на социјалните мрежи на заменик-премиерот на Украина, објави Ројтерс.
Советник на украинскиот претседател на социјалните мрежи изјави дека Русија намерно ја блокира евакуацијата на цивилите од градот бидејќи не успеала да го заземе стратешки важното пристаниште, објави Ројтерс.
Југоисточниот град беше место на жестоки борби. Вчера беше бомбардирана породилиште при што загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, велат украинските власти.