ТВ21 објави ексклузивно интервју со првата Украинка бегалец од војната која кај нас на свет донесе живо и здраво бебе.
Оксана Горкова од Киев, вчера стана мајка по вторпат и на свет донесе девојче. Вели дека во Македонија дошле кога почнала руската инвазија во Украина, бидејќи нејзиниот сопруг е од Свети Николе. Таа за ТВ21 раскажува за перипетиите и потешкотиите на кои наишла за да влезе во нашата земја. Патувањето траеше три дена, ја почнува приказната Оксана.