Балкан

Сеизмолошката служба го евидентирала падот на дронот: „Видливи сеизмички бранови“

Сеизмолошката служба го евидентирала падот на дронот: „Видливи сеизмички бранови“

Во четвртокот, на 10 март, во близина на Студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб се урна беспилотно летало, за кое се уште не се знае на која земја и припаѓа, но се знае дека пристигнал од територијата на Украина.

Инструменти од Сеизмолошката служба го забележале падот во 23 часот и 10 минути. Падот го регистрирале шест станици во траење од 120 секунди, велат тие.

„Сеизмичките бранови предизвикани од падот во областа Јарун се јасно видливи“, се вели во извештајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни